Совршено симетрична слика создадена е од математички прецизни форми нацртани на снег.

Снимката која се појави на интернет покажува дека Британецот Крис Бароу (59), со дрон „фатил“ феномен, кој инаку е  карактеристичен за житните полиња и повеќето филмови со вонземјани.

Бароу снимил дел од полето на кое било нацртано лицето на був. Совршената симетрична слика создадена е од математички прецизни форми нацртани на снег.

Заедно со птицата, може да се забележат траги од ситни стапала што водат понатаму од „цртежот”. Снимката е направена во саботата западно од Лондон.