Ранд Пол е сенатор од Кентаки. По професија е лекар, а последните месеи води интензивна битка за да докаже дека д-р Антони Фаучи, клучниот епидемиолог во САД за справување со корона кризата, знаел од почеток дека вирусот е можеби вештачки, дека потекнува од лабораторијата во Вухан, дека САД преку Фаучи ја финансирале лабораторијата во Вухан каде се вршени истражувања за создавање вештачки вируси, односно истражувања со кои на вируси кои постојат во природата, им се додаваат секвенци и на тој начин стануваат преносливи и смртоносни меѓу луѓето. Ова е еден од неговите понови разговори за Фокс Њус
ФОКС ЊУС: …Тоа што сега го знаеме е дека на 31 јануари 2020 година на д-р Антони Фаучи му било кажано дека изгледа дека станува збор за вештачки вирус, природен вирус кој во лабораторија добил својство да се пренесува од луѓе до луѓе и да биде смртоносен. Тоа му било кажано. Тоа е истиот ден кога Доналд Трамп ги забрани летовите, а беше обвинет за хистерија и десет дена после првиот дијагностициран случај во САД. Ви зборувате за ова сенаторе и за жал, бевте во право.
РАНД ПОЛ: Не постои попроминентен научник во областа на манипулација со вирусите од д-р Фаучи и тој се уште ја има таа позиција. Тој верува дека е во ред да се земе вирус од природата, да се претвори во супер вирус кој ќе ги заразува луѓето, дури и ако се случи пандемија. Тој смета дека тој ризик вреди да се поднесе. Но знаете, има и други начуници во оваа област кои тврдат дека тоа не смее да се дозволи, дека не вреди ништо и дека се што правиме е дека се изложуваме на ризик. Но, дури и после сите докази кои упатуваат на лабораторијата во Вухан, минатата недела во Конгресот тој рече дека се уште им верува на кинеските научници. Тоа е многу наивна позиција и така всушност ние и стигнавме до овде. Но, постојат и полоши вируси. Овој е лош, но носи еден процент смртност и досега три милиони луѓе умреа. Но тие експериментираат со вируси кои носат смртност од 15 отсто. Тоа би значело дека во овој момент би имале над 15 милиони мртви. Затоа, овој вид на истражувања не би требало да бидат финансирани од даночните обврзници на САД…
ФОКС ЊУС: Сенаторе, се слуша дека парите кои сме ги давале во Вухан се многу повеќе од тие што ги признава д-р Фаучи. Дали имаме претсавата колку пари од САД се дадени на оваа лабораторија во Вухан за создавање вештачки вируси?
ПОЛ: Постојат повеќе линии преку кои биле префрлани пари. Постои група наречена „ЕКО здрав живот“ каде се располага со стотина милиони долари. Не сите отишле во Вухан, но 3-4 милини долари – да! Но постојат многу други начини на кои се финансирале овие истражувања за вештачки вируси – пари од областа на одбраната, тајни пари за кои ние не знаеме, бидејќи податоците се класифиирани. Но, овие истражувања за создавање вештачки вируси с евршат и во САД, исто така како и во Кина…. Мислам дека треба да имаме сослушување во Конгресот со научници кои се од другата страна од таа на која е д- Фаучи… Ова е многу опасно. Но, знаете што? Оваа недела примив пет смртни закани поради моите залагања против ова… Јас поставувам тешки прашања, очигледно е д-р Фаучи не бил искрен со нас, а како последица на тоа на моето семејство му беше испратен бел прав, а јас добив пет смртни закани.
ФОКС ЊУС: Жалам што го слушам тоа. Воопшто не е забавно. Ви се случило вам, ми се случило мене, им се случува на многу други… ова се страшни времиња. И се надевам дека ќе Владата ќе ве заштити…Но, да Ве прашам следното: Дали д-р Фаучи лажеше пред комисијата во Конгресот?
ПОЛ: Апсолутно. Тој се уште тврди дека не сме финансирале истражувања за создавање вештачки вируси. Но, во еден од мејловите кои беа јавно публикувани, тој вели дека тој ги „породил“ истражувањата за вештачки вируси и тоа во Вухан. На крајот на мејлот, доктор Ши (кинеската научничка од Вухан која соработувала со Фаучи, н.з.) му заблагодарува на д-р Фаучи за организацијата на сето тоа… И тука е листата на пари што ги добила од САД. Тој треба да се соочи со овие прашања и во тоа треба да учествуваат и други научници. Не сум јас единствениот. Многу други научници не се согласуваат со него и сметаат дека воие истражувања не вредат за со нив да се ризикува пандемија, како што мисли д-р Фаучи… Лажењето пред Конгресот е криминал. Пет години затвор. Но, д-р Фаучи е внимателен со зборовите. Тој вели дека не се праќани пари за вештачки вируси.. Но, други научници велат понаку. Тој ја изместува вистината и тоа е сериозен проблем. Ќе наведам уште еден пример. Во овој момент Индија страда. Имаат 1,5 милијарда население, во некои денови имаа по неколку илјади мртви. Д-р Фаучи одбива да им каже на луѓето дека добиваат имунитет, откако ќе го прележат вирусот. Тоа би овозможило да се насочат вакцините кон тие кои не биле заразени. Но, со давање вакцини на сите, независно дали прележеле или не, нема доволно вакцини за Индија. Со тоа не води кон голем проблем во светот, што би можел да се превенира.