Полска го победи актуелниот европски шампион, Словенија. Полска фуриозно го почна мечот, во текот на втората четвртина поведе и со највисоки 23 поени разлика, 54-31.
Но Словенија успеа да ја надополни таа негатива, имаа совршена трета четвртина во која постигнаа 24 поени, а на противникот му дозволија даде само шест поени.
Во последниот период Словенија го сврте мечот, имаше водство и од пет разлика и тогаш се чинеше дека работите си дојдоа на свое. Но финишот и припадна на селекцијата на Полска која го врати водството и на крајот победи со 90-87.
Најголемата ѕвезда на Словенија, Лука Дончиќ, одигра лош натпревар, даде само 14 поени, погоди само 1 од 4 слободни фрлања, имаше 33 проценти реализација, 2 од 7 за три поени и 5 од 15 за два.
Најефикасен во составот на Словенија беше Чанчар со 21 поен, Драгиќ реализираше 17.
Играч на мечот беше Матеуш Понтика кој имаше трипл-дабл учинок со 26 поени, 16 скокови и 10 асистенции.
Полска во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Франција. Во другото полуфинале се среќаваат Шпанија и Германија.