ЛШ: Јувентус дома поразен од Бенфика, Наполи триумфираше во Глазгов

/ 14.09.2022

Наполи со Елиф Елмас стигна и до втората победа сезонава во Лигата на шампионите, откако триумфираше со 0-3 на гостувањето кај шкотскиот Глазгов Ренџерс.

Политано во 68. минута од пенал донесе водство од 0-1 за „наполитанците“. На 0-2 зголеми Распадори во 85. минута, додека конечните 0-3 ги постави Ндомбеле во 91. минута.

За издвојување од натпреварот е и промашениот пенал на Зјелински во 59. минута, како и црвениот картон на фудбалерот на домаќините Сандс во 58. минута. Елмас доби шанса во 90. минута од натпреварот. До победа од 2-0 стигна и Реал Мадрид над Лајпциг.

Јувентус доживеа нов шок откако загуби на домашен терен од Бенфика со 1-2. „Старата дама“ стигна до брзо водство со голот на Милик уште во 4. минута, но Португалците со погодоците на Жоао Марио од пенал и Нерес стигнаа до големи три бода.

Пари Сен Жермен со триото Меси, Нејмар и Мбапе стигна до тешка победа на гостувањето кај Макаби Хаифа од 1-3. До пресврт победа стигна и Манчестер сити кој иако имаше негатива од 0-1 на крајот триуфмираше против Борусија Дортмунд со 2-1.

Челси одигра реми 1-1 против Салцбург на домашен терен, додека Севилја и Копенхаген одиграа без голови 0-0.


Од истата категорија