Отако пред неколку часа, вицешампионот од СП во Русија, Хрватска, беше елиминирана од Шпанија во неверојатно драматичен меч кој заврши со 5:3, вечерва уште една драма: Швајцарија го елиминира светскиот шампион Франција, по изведување на пенали.
По првото полувреме во Националната арена во Букурешт, Швајцарија успеа да дојде до водство од 1-0 против репрезентацијата на Франција со голот на Харис Сеферовиќ во 15. минута.
Сепак, се чинеше дека во второто полувреме работите си доаѓаат на своето место. Франција со три гола (два на Бензема и еден на Погба) од 57. до 75. минута успеа да направи пресврт и да поведе со 3:1. Остана само рутински да приведе мечот до крај и да се пласира понатаму.
Но, екипата на Петковиќ не мислеше така. Сеферовиќ во 81 и Гаврановиќ во 90 минута постигнаа два гола и го однесоа мечот во продолженија кои заврпиај без голови.
Следеа пенали. Гол за гол до последната рунда пенали, кога Швајцарците погодија, а Мбапе не успеа да постигне гол и ја врати својата репрезентација дома.