Белгхрадска Црвена Ѕвезд приреди вистинска сензација во четвртото коло од Лигата на шампионите, победувајќи го во Белград Ливерпул со 2:0.
Головите ги постигна Павков во 22 и 28 минута, по што Ливерпул имаше 62 минути да постигне гол.
Во второто полувреме практично се играше на еден гол, пред голот на Ц. Ѕвезда, но англиските фудбалери не успеаја да го намалат резултатот. Имаа и една статива, но сето тоа на крајта беше без ефект.
Инаку, истиот тој Ливерпул пред кратко време на свој терен ја демолираше Ц. Ѕвезда со 4:0. Претходно, белградскиот тим загуби од ПСЖ со 6:1 во натпревар за кој се појавија информации дека е лажиран.
Ова е втор натпревар на белграѓаните на свој терен и прва победа. Претходно одиграа нерешено (0:0) со Наполи, што покажува дека Ц. Ѕвезда на домашен терен ќе биде незгоден противник за фаворитите, наспроти улогата на топовско месо што ја има кога гостува.