Сепак се врти е паролата во денешната герила акција пред домот на премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.
Имено, утрово пред домот на премиерот се појави банер кој го потсетува на подзаборавена афера Броило. Герила акцијата Сепак се врти го потсетува Ковачевски и јавноста за соларните панели, бизнис вреден неколку десетици милиони евра, кои беа доделени на фирмите на неговиот кум и неговата сопруга, каде порано официјално фигурираше и името и сегашниот премиер Ковачевски.
Распнатото платно од герила акцијата потсетува дека и во кризните времиња премиерското броило на пари, сепак врти.