Американската тенисерка Серена Вилијамс се откажа од настапот на Роџерс купот во Канада.
Таа пред неколку дена го доживеа најтешкиот пораз во кариерата од Џоана Конта во Сан Хозе, а претходно во финалето на Вимблдон беше поразена од Анжелик Кербер.
Местото на Вилијамс на Роџерс купот ќе го заземе германската тенисерка Татјана Марија.