Фудбалерите на турскиот клуб Малатијаспорт се најдоа во фокусот на јавноста откако на пријателскиот натпревар со Газиантеп се појавија во дресови со ликот на Месут Озил.

Од клубот сооштија дека на овој начин сакале да го поддржат германскиот фудбалер со турско потекло, а на дресовите под неговиот лик стои натпис „Сите ние сме ти, да му кажеме не на расизмот“.

Озил неодамна се повлече од германскиот национален тим, откако во германската јавност беше покрената расправа поради поддршка и средбата на германскиот репрезентативец со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на изборната кампања. Тоа предизика жестока дебата и бројни критики беа упатени на адреса на фудбалерот, а потоа Озил одлучи да се повлече од германската репрезентација со образложение дека тоа го прави поради расистичката атмосфера.

Овен Озил на средбите со Ердоган присуствуваше уште еден германски репрезентативец со турско потекло Илкај Гундоган, кој исто така беше критикуван за тоа.