Алегри: Реал е голем клуб со и без Роналдо

/ 05.08.2018

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, истакна дека е привилегиран што ќе може да работи со Кристијано Роналдо, за кого вели дека покрај Лионел Меси, е еден од најдобрите фудбалери во светот.

На Интернационалниот куп на шампиони во САД, Реал го совлада Јувентус со 3:1, а Роналдо поради продолжениот одмор не играше против неговиот доскорешен клуб.

– Реал е голем клуб. Без разлика дали го имаат Роналдо или не, секогаш ќе бидат конкурентни, оцени Алегри.

Португалскиот фудбалер премина од Реал Мадрид во Јувентус во најголемиот трансфер ова лето вреден 105 милиони евра.

– Задоволни сме што ќе го имаме Роналдо, особено заради искуствата кои ги има на меѓународните натпревари. Ќе ми биде задоволство да го тренирам, бидејќи покрај Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во светот. Привилегиран сум што го имам во тимот, истакна тренерот на Јувентус.

По доаѓањето на Роналдо во Торино се зголемија очекувањата за успеси особено во Лигата на шампионите, а според Алегри неговиот тим оваа сезона е конкурентен.


Од истата категорија