Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека руското воено присуство во нуклеарната централа Запорожје гарантира дека „чернобилско сценарио“ нема да се повтори.
Портпаролот на руското министерство Иван Нечаев во четвртокот рече дека предлогот на Обединетите нации за демилитаризација на областа околу електраната, најголемата во Европа, е „неприфатлив“.
Русија ја освои областа околу Запорожје во март.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вчера порача дека „никој не сака светот да доживее нов Чернобил“.
Ердоган во украинскиот град Лавов изрази загриженост поради борбите што се одвиваат во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје.