Рускиот енергетски монопол Газпром соопшти денеска дека доставата на гас за потрошувачите во Европа преку гасоводот Северен Поток 1 ќе биде прекинат во период од 3 дена, од 31-ви Август до 2 –ри Септември заради технички поправки кои ќе ги извршуваат сервисери од компанијата Сименс.

Според компанијата станува збор за редовни контроли на работата на гасоводот кои се одржуваат на секои 1000 часови на функционирање.

Газпром додава дека по крајот на овој временски период и доколку нема други технички проблеми, доставата на гасот ќе продолжи со проток на 33 милиони кубни метри гас дневно.

Најновото соопштение на рускиот државен гигант за производство и дистрибуција на гас доаѓа откако официјална Москва беше обвинета од Западот дека спроведува „енергетска уцена“ на Европа заради санкциите воведени против руската држава оправдани од војната во Украина.