Во Италија беше издадена чудна забрана, предизвикана од пандемијата од коронавирус. Според протоколот во Серија „А“, според кој првенството ќе биде обновено, на играчите им е забрането да се расправаат со судиите за време на натпреварите.
Уште нешто друго станува јасно, а тоа е дека резервните играчи на екипите ќе бидат лоцирани не на клупите, туку на трибините.
Според „Ил Темпо“, протоколот составен од владата и Серија „А“ е долг 36 страници.
Како што се очекуваше, маскотите на екипите, фотографиите пред натпреварите, како и ракувањето се строго забранети.
Споровите со судиите исто така нема да бидат дозволени, бидејќи играчите не можат да им пристапат на службените лица на оддалеченост од помалку од 1,5 метри.