Раководството на Севиља одлучи да го купи Иван Ракитиќ од Барселона, тврди „Радио Марка“.

Иако неговиот договор истекува следната година, од „Рамон Санчез Писхуан“ сакаат да го вратат хрватскиот играч од средниот ред ова лето.
Надоместокот за трансфер ќе биде околу 20 милиони евра.

– Се радувам со секој гол на Севиља. Би било супер да се вратам. Ако е можно, тоа ќе биде многу специјално за мене, рече Ракитиќ (32).

Смртта на Хозе Антонио Рејес пред една година го погодило Ракитиќ, со кого многу години се дружел.

– Би било посебно за Иван да го облече дресот со број 10 што го носеше Рејес. Сега е во сопственост на Евер Банега, кој заминува на крајот на сезоната, додаваат од изданието.