Меѓу двајцата навивачи на Милан, дошло до конфликт по мечот со Болоња (3:2) одигран синоќа во рамките на 15. коло од Серија А.
Според италијанските медиуми, спорот се појавил затоа што навивачите не можеле да одлучат кој од нив ќе го задржи дресот на еден од играчите на Милан. Како резултат на кавгата, еден навивач со нож го прободел другиот во стомакот.
Повредениот бил однесен болница во Болоња.
Според последните извештаи, несреќниот фан има сериозна повреда, но неговиот живот не е загрозен.