Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Томас Милер го коментираше поразот во натпреварот од 14. коло од германската Бундеслига против Борусија Менхенгладбах (1:2).

За баварците ова беше втор по ред загубен натпревар во домашниот шампионат.

– Ние мора да освоиме бодови и тоа е она што имаме намера да го направиме на следните натпревари. Играме добар фудбал, а сега треба да ги победиме сите три натпревари до крајот на годината.

По 14 кола во Бундеслигата Баерн е на 7. место со 24 бода, седум помалку од лидерот Борусија Менхенгладбах.