Предводникот на Јувентус, Андреа Пирло е прогласен за најсекси тренер во Серија А од страна на италијанскиот сајт за познанства „Joyclub“.
Четириесет и едногодишниот фудбалски стручњак сè уште нема дебитирано на ниту еден натпревар на чело на торинскиот клуб.
За Пирло гласале 23 проценти од испитаниците. Во рангирањето го следат Еузебио Ди Франческо (Каљари) и Филипо Инзаги (Беневенто).
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо заврши четврти, петти е Пауло Фонсека од Рома.