Колумнистката на магазинот „Ел“, Елизабет Џин Керол тврди дека американски претседател Доналд Трамп сексуално ја нападнал во соблекувална во стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите години, се наведува во копијата на нејзината книга, објавена од страна на списанието „Њујорк“.
Трамп ги отфрли обвинувањата дека силувал жена во соблекувална во средината на 90-те на минатиот век, како „фикција” и „лажни вести”, наведувајќи дека не постојат докази за таквите тврдења на Керол.
Тој рече дека никогаш не ја запознал Е. Џин Керол и ја обвини дека нејзината мотивација за такви тврдења е „да ја продаде новата книга”.
-Никогаш не сум запознал таа личност во мојот живот, рече Трамп.
Американскиот претседател ги повика сите кои поседуваат „информации дека Демократската партија соработува со Керол или магазинот „Њујорк“ да ја известат Белата куќа, пренесува Би-Би-Си.
– Треба да се срамат тие кои измислуваат лажни приказни за напад, со цел да добијат публицитет за себе или да ја продадат книга, или прават политичка агенда, наведе Трамп.
Тој, исто така, и се заблагодари на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“, бидејќи потврда дека нема видео запис за таков инцидент.
Во написот, во кој е одделен делот од книгата на Керол за „гнасни мажи“, таа пишува дека се сретнала со Трамп на крајот на 1995 или почетокот на 1996 година, во наведената стоковна куќа во Њујорк.
Керол пишува дека, по првично пријателската средба со Трамп во „Бергдорф Гудман“ во 1995 и 1996 година, тој ја турнал до ѕид во соблекувална, ги соблекол панталоните и се фрлил врз неа.
Керол тврди дека, по голема борба, го турнала и избегала од продавницата.
Повеќе од десет жени претходно го обвинија Трампа за сексуално несоодветно однесување, што тој го негираше.