Голем број на граѓани вчера излегоа протест да го искажат својот револ по големата трагедија во тетовската болница во која живи изгореа 14 пациенти, а и после десетина дена речиси од никој нема никаква одговорност.

Меѓу демонстраните, имаше и луѓе кои што загубиле свои блиски во пожарот кој што избувнал во ковид модуларната болница. Еден од нив ја загубил и својата сестра.

Запрашан од страна на новинар на порталот „Pa Censurë“, зошто излегол на протест, тој одговори дека излегол поради неговата сестра, бидејќи таа била една од 14 жртви во опожарената болница во Тетово, само таа знае како испуштила душа.

Тој потенцираше дека бара правда и што побрзо да излези на виделина вистината за пожарот во болницата, пишува Pa Censurë. Тој додаде дека доколку неговат сестра починеше од болеста, болката ќе беше помала, но тоа што и се случи на неговата сестра е неприфатливо за него.

Инаку, протестот почна од центарот на Тетово по што демонстратите се упатија кон општинската зграда кон која фрлаа јајца.

По општинската зграда демонстрантите се упатија кон седиштето на ДУИ, каде се судрија со полицијата. Полициски кордони распоредени низ улиците во Мала Речица не дозволија протестот да заврши пред Демократската унија за интеграција, па на моменти атмосферата стануваше тензична.