Тоска Маск, најмладата сестра на основачот на Спејс Икс, работи во кинематографија и рече дека луѓето „често ѝ наплаќаат повеќе за нивните услуги отколку што треба“, бидејќи претпоставуваат дека нејзиниот брат плаќа за сè, пишува NY Post.
Сестрата на Маск е режисер и извршен продуцент, а таа рече дека неодамна добила фактура за локацијата на нејзиниот нов филм која била „надувана“ за дополнителни 20.000 долари.
„Локацијата требаше да чини 5.000 долари, но кога го слушнаа моето име и претпоставија дека сум богата, решија да ми наплатат 25.000 долари. Тоа не е навистина фер, нели?“ изјави таа.
Таа објасни дека луѓето често погрешно претпоставуваат дека нивното семејство отсекогаш било богато, но таа тврди дека тоа не е вистина.
„Откако моите родители се разведоа, мајка ми, моите браќа и јас бевме заедно и немавме пари“, рече таа, додавајќи дека нивната мајка Меј работела пет работи за да ја издржува неа, Илон и нивниот брат Кимбал.
Маск, чија вредност според индексот на Блумберг се проценува на 233 милијарди долари, сам го создал своето богатство.
На прашањето дали нејзиниот брат финансиски ѝ помага, Тоска одговори: „Ако речам не, луѓето ќе речат дека тој воопшто не ме поддржува, а ако кажам да, ќе мислат дека платил за сѐ“.
Таа објасни дека постојано се соочува со ситуации во кои луѓето се обидуваат да ѝ се доближат за да допрат до милијардерот, но дека научила да ги „отфрли на време“.
Инаку, Тоска е ко-основач на Passionflix, стриминг платформа слична на Netflix, а заработила вкупно 170 милиони долари.