Убавините на Охрид се претставени во популарното дневно ТВ шоу This Morning кое се емитува на британската телевизијата ITV, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, од каде организираа информативна патување за новинари и репортери од ова шоу, од 17 до 20 април 2023 година.

– Ова патување имаше за цел да ги промовира Скопје и Охрид како посакувани дестинации за туристите од Обединетото Кралство. Новите чартер летови од Лондон и Манчестер до Охрид, како и редовната авиолинија на Визер од Скопје, претставуваат предност, потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, пренесе Охридпрес.

Новото „жешко“ место за посета на Европа. Вака новинарите на Британската ITV во утринското шоу This Morning го опишаа Охрид во репортажата која беше емитувана на нивната програма. Во видеото се прикажани дел од убавините на градот и се испраќа покана до сите да го посетат Охрид. Во директното вклучување, Охрид, Скопје, но и цела Македонија се претставени како дестинации со недопрени убавини и „budget friendly“ локација за туристите.

– Прекрасни планини, преубави езера, национални паркови исполнети со диви животни. Македонија е туристичката дестинација во Европа која е достапна за сите, вели новинарот Craig Doyle во јавувањето во живо од Охрид, пренесе Охридпрес.

Видеото може да го отворите ТУКА.