Северна Кореја ги заврши подготовките за нуклеарна проба и го чека вистинскиот момент да ја спроведе, изјави денеска јужнокорејскиот пратеник, повикувајќи се на податоци од разузнавачката агенција во Сеул.
– И покрај неодамнешното зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во Северна Кореја, подготовките за нуклеарниот тест се завршени, изјави пратеникот Ха Тае-кеунг.
Тој додаде дека Пјонгјанг само го чека вистинскиот момент за да изврши нуклеарна проба.
Американскиот претседател Џо Бајден в сабота ќе ја посети Јужна Кореја.