Северна Кореја е подготвена за дијалог, но и за конфронтации со САД, изјави севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо.
-Доколку САД се уште сонуваат за тоа дека се ќе постигнат со санкции, мораме или да ги пуштиме да продолжат да сонуваат или да им ги растуриме соништата. Ако се обидат да ни се спротивстават со санкции и не го напуштат таквиот конфронтирачки став, тоа ќе биде нивната погрешна сметка, рече Ри, а пренесе севернокореската агенција КЦНА.
Тој го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео дека „ надвиснува темни сенки“ врз разговорите меѓу двете земји, тврдејќи дека Помпео е повеќе заинтересиран за сопствените политички амбиции отколку за актуелната надворешна политика на САД, пренесоа британските медиуми.
Лидерите на двете земји Доналд Трамп и Ким Џонг-ун на средбата во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, во јуни, договорија продолжување на преговорите за денуклеаризација на Полуостровот на ново на работни групи, но до тоа се уште не е дојдено.