Северна Кореја поседува најмалку 13 тајни бази со балистички ракети, способни да носат нуклеарно оружје, се наведува во извештај на вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии.

Авторите на извештајот се повикуваат на извори од разузнавачките служби на неколку држави, тврдења на севернокорејски бегалци, јавни информации и сателитски снимки.

Точно се знае дека има 13 бази, но се проценува дека можеби се и околу 20, се вели во извештајот.

-Ракетните бази са мали, распространети низ државата, и со неколку исклучоци, лоцирани се во тесни планински долини, кажуваат податоците на американскиот центар

Сателитските снимки покажуваат дека Северна Кореја продолжува да ги модернизира тие бази.