Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември да добијат учебници учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Тој зборува и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар и зошто учениците учат од парталави учебници?
– Ова е основна тема во последниот период. Основна тема за мене како министер, од почетокот кога дојдов на оваа функција, како дел од мојата агенда беа учебниците. Се работи за проблем кој не е само во последната година, туку во подолг период, и тоа и во основното и во средното образование. Во последната година имаме измена на концептот за основно образование, каде започнуваме со нови учебни програми, вели Шаќири во интервјуто за РСЕ.
Целото интервју може да се прочита ТУКА.