Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, смета дека поради новиот бран напади на руската армија врз украинската инфраструктура, во моментов речиси и да нема шанси за мировни преговори меѓу двете земји.
Шаленберг, пред Комисијата за надворешна политика на австрискиот Парламент, изјави дека, и покрај тоа, не е во ред Русија да се исклучи од меѓународните собири.
-На Европа и треба Русија со која е можно да се влезе во дијалог за заедничката безбедност, оцени тој.
Врз основа на моменталната состојба, Шаленберг смета дека војната ќе продолжи и следната година.
Затоа, посочи шефот на австриската дипломатија, потребно е да се направи се за да се спречи човечкото страдање, а „освен што ќе и помогнеме на Украина, треба да се обидеме да влеземе во разговори и со Русија, иако за тоа нема консензус во ЕУ“.