Оливер ШАМБЕВСКИ

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ една порака имам… Видете го Предлог законот за поништување на лустрацијата, прочитајте го убаво, прочитајте го многу убаво и внимателно… отспите една вечер ако треба, а потоа сетете се кои вредности ги застапувате! Сетете се исто така што всушност сакаат да заштитат со овој закон овие кои на сомнителен начин дојдоа на власт, помислете дали е праведно да се обесштетат џелатите на оние што животот го дадоа за Македонија, а потоа удрите жестоко, толку жестоко што сите жртви кои беа ставени во темелите на оваа држава, сите жртви кои животите ги дадоа за заштита на основните човекови права како она на говор, сите жртви кои беа ограбени, сите жртви кои беа понижени и семејствата нивни ќе сфатат дека не била залудна жртвата нивна! Удрете по Законот со таква сила и толку жестоко што ќе покажете дека не се шегувате со вредностите што ги застапувате… удрите толку силно што ќе се покајат дека ве потцениле… ако тоа не го направите… тогаш правете што сакате!