Барселона го победи Олимпик Лион со 2:0 и втора година по ред ја освои Лигата на шампионите во женски фудбал.
Ова е вкупно трет трофеј за каталонскиот тим кој ја освои женската Лига на шампиони во 2021 и 2023 година.
Барселона дојде во водство во 63 минута со голот на Аитана Бонмати, а точка на финалето одиграно синоќа во Билбао стави Алесија Путељас во петтата минута од судиското продолжение.
Финалето од трибините на стадионот „Сан Мамеш“ го гледаа 50.000 навивачи.
ФОТО: Фејсбук