Бранителот на шампионскиот трофеј, тимот на Шкендија не успеа да победи ниту во третото коло во новата сезона од Првата фудбалска лига, откако попладнево на домашен терен одигра нерешено со Македонија ЃП.
Победничката низа од две средби ја прекина Ренова која ремизира со Шкупи.
Фаворитската улога ја оправда Академија Пандев на средбата со Борец, а нови три бода на своето конто додаде и Струга Трим Лум.
Резултати на денешните четири натпревари од 3. коло во ПМФЛ:
Академија Пандев – Борец 2:0
Шкендија – Македонија ЃП 1:1
Шкупи – Ренова 2:2
Струга – Силекс 2:1.
Вчера Вардар го победи Работнички со 2:0.
Табела: Академија Пандев 7 бода, Ренова 7, Струга 6, Македонија ЃП 5, Шкупи 4, Вардар 4, Работнички 3, Силекс 3, Шкендија 1, Борец 1.