Пентагон е подготвен во одреден период да помогне во обезбедување на границата меѓу САД и Мексико, но смета дека Министерството за внатрешна безбедност самостојно ќе го врши обезбедувањето, изјави вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан.
– Ние немаме намера да се повлечеме пред да биде целосно воспоставена безбедноста на границата, истакна Шанахан, додавајќи дека Пентагон не планира постојано да учествува во обезбедувањето на границата.
Тој нагласи дека „проблемот треба да се реши брзо и сакаме Министерството за внатрешна безбедност да работи ефективно и самостојно“.
Моментно околу 4.000 американски војници им даваат помош и поддршка на граничните служби на САД.