Младите македонски боксерките Софија Станковска и Матеа Илиевска ќе настапат на шестиот интернационален турнир „Zagreb boxing queen“.

Предводени од тренерот Христијан Мојсовски, Матеа која доаѓа од прилепскиот клуб „Ронин“ ќе се натпреварува во категоријата до 65 килограми, додека Софија од БК „Аперкат“ од Скопје ќе се претстави во натпреварувањето до 60 килограми.

Според програмата на турнирот, утре (петок) се закажани полуфиналните борби, а в сабота ќе се одржат финалињата.

За потсетување, на Меѓународниот боксерски турнир за младинци Златна ракавица на Војводина во Суботица, кој се одржа во јуни годинава, Софија Станковска се закити со сребрен медал, а Матеа Илиевска со бронза.