Министерство за надворешни работи на Белорусија соопшти дека се е подготвено во земјата која е домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

– Се чека пристигнувањето на делегациите, објави белоруското министерство на Твитер, заедно со фотографија од местото каде што ќе се водат преговорите.

Прес секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, претходно најави дека на местото на преговорите во Белорусија се очекува да пристигнат делегациите на Русија и Украина.

– Украинската делегација се уште не пристигнала во Белорусија на преговори со Русија, а руската делегација чека, изјави шефот на делегацијата и помошник на претседателот на Русија, Владимир Медински.

Тој за Спутник изјави дека преговорите ќе започнат во 12 часот, односно во 10 часот по средноевропско време.

Медински додаде дека не се открива кој ја сочинува украинската делегација.

Утрово, пак, некои медиуми пренесоа објави на украинската делегација, која веќе пристигнала на територијата на Белорусија. Ова рано утрово го објавија дел од медиумите, цитирајќи извор близок до преговарачкиот процес.

– Украина на разговорите ќе ги слушне сите предлози на Русија. Треба да ги слушнеме и мирно да ги мериме сите предлози и нивното влијание врз интересите на земјата и нејзините граѓани, изјави водачот на најголемата парламентарна фракција во Радата, од владејачката партија „Слуга на народот“, Давид Арахамија.

Тој ова го објави на Фејсбук.

Според локалните медиуми, во украинската делегација, покрај Арахамија, се и Игор Абрамович, заменик од партијата Опозициска платформа – За живот, заменик министерот за одбрана и уште неколку лица.