Учесниците на вчерашниот четврти по ред Женски марш на улиците на Вашингтон и другите градови ширум САД ја критикуваа политиката на американскиот претседател Доналд Трамп , залагајќи се за еднаквост на половите и за поголеми права на жените.
Учесниците изразија и поддршка за реформи во имиграциската сфера, во здравството, а укажаа и на значењето на заштита на животната средина. Тие побараа и поголеми права на ЛГБТ заедницата, еднаквост помеѓу расите и слобода на вероисповедта.
Заштитен знак на Женскиот марш се плетените виолетови капи.
Женскиот марш првпат се одржа во 2017 година, кога Трамп ја презеде должноста претседател.