Група демонстранти упаднале во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград.

Меѓу првите во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ.

Полициска екипа специјалци брзо реагирале, но не примениле сила, а според српските медиуми, како РТ Војводина, тие ги молеле демонстрантите да ја напуштат зградата.

Според Б92, вратата на зградата на српската државна телевизија е искршена.

Учесниците на протестот „Еден од 5 милиони“ ја опколија зградата на Радио-телевизија Србија во Белград вечерва околу 19 часот и на тој начин ја почнаа блокадата која треба да трае два часа.

Еве дел од случувањата преку видео од Ал Џезеира: