Универзитетската професорка Јасна Котеска, која беше приврзаник на доаѓањето на власта која пет години ја распродава Македонија, сега со најпогрдни зборови удри по претседателот Стево Пендаровски.
Револтирана од неговото прифаќање на францускиот предлог Котеска го нарече Пендаровски, кловн и смрдло.
– Сите го чекавме 30 јуни, не само кловнот Пендаровски. За да дочекаме на 3 јули, сред одмори, Пендаровски да ни соопшти дека договорот за него бил прифатлив?! Смрдло, јас се приклучувам кон Апасиев! Итен импичмент за Тебе. Ти не заслужуваш да бидеш курир, а не пак претседател!- му порача Котеска на Пендаровски преку Твитер.
Против прифаќањето на ултиматумот за Македонија има се повеќе бивши и сегашни членови и функционери на владејачкиот СДСМ.