Дарко ЈАНЕВСКИ
(текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк)

Да бидам искрен, се подготвував да пишувам за одлуката на битолскиот судија во претходна постапка кој определи куќен притвор за Марковски, газдата на „Марковски компани“. За сомнеж за криминал од 1,7 милиони евра, на човек кој практично газдува во Битола и не само таму, со влијание низ цела држава, со имот во странство, да му досудиш куќен притвор е надвор од здрав разум, но ете, во македонското судство се е можно, па и тоа, и таквата одлика беше донесена.

За среќа, Кривичниот совет, под јавен притисок, ја поправи одлуката, и досуди затворски притвор од 30 дена. Но, тоа не значи дека не треба да се види зошто судијата на претходна постпка донесе одлука со затворени очи. Всушност не треба да се види, туку тој судија треба да оди во аут. Ако тоа не се случи, едноставно во аут треба да оди Судскиот совет (што впрочем досега требаше да се случи). Зашто битката за правда во случајот со тие 1,7 милиони евра, допрва почнува. Ако Марковски ги има в џеб битолските судии и од Основниот и од Апелациониот суд, јасно е дека процесот ќе заврши така што акцијата на Финансиската полиција на крајот ќе се покаже јалова.

Оттука, над битолските судови едноставно треба да се воспостави посебен надзор, исто така како што тоа треба да се направи и со скопските судови и посебно со ЈО, со Коцевски (впрочем тој треба да биде сменет, а не надгледуван) и со онаа банда од СЈО за која има предмет, а продолжува да си работи како ништо да не било. Впрочем, што е разликата меѓу овие 1,7 милиони евра на Марковски и милионите што си ги поделија тие од СЈО, а кои сега се вгнездени во ЈО? Зошто од мојата плата се земени пари за тие од СЈО да се богатат? Зошто јас да го плаќам нивното ашикување, зошто тоа да го прави секој во оваа држава, па и оние со минимална пензија и минимална плата, луѓе кои едвај скрпуваат за малку леб и сол, за оваа банда да глуми елита, а всушност треба да биде на обвинителна клупа?

Знам дека има предлози, но не знам што содржат тие предлози за новите закони за Судски совет и за Совет на ЈО. Но, ако со нив нема воспоставување на системот на check and balance, систем кој е уставен и кој значи независност, но и меѓусебна контрола на трите власти, и ако ЈО и судството останат да функционираат како самостоен систем без надзор, систем кој се претвори во мафијашка организација, тогаш подобро тие закони и да не се носат.

Зашто, да не бидеме наивни. Марковски е само еден дел од синџирот кој само во овој случај испумпал 1,7 милиони евра. Тој е само еден од оние огромни камења кои се вградувале во египетските пирамиди. И како што допрва науката треба да дојде до одговорот за начинот на кој тие огромни камени коцки биле пренесувани и вградувани во пирамидите, така и ние допрва треба да дојдеме до врвот на нашата криминална пирамида. Не сме белким до толку наивни за да се задоволиме со тоа дека сме ја завршиле работа со притворот на Марковски. Врвот, шефот на Марковски, се уште е на слобода и мора да дојдеме до него.

Следната работа на која сакам да обрнам внимание е дека д-р Патрик Сун Шионг пред неколку дена имаше ново интервју со Меган Кели (тие што ме следат веројатно веќе знаат кој е Шионг). Овој пат, човекот пластично објасни како функционира неговата вакцина против ракот. Имено, во човечкото тело има протеин, наречен IL 15 кој е одговорен за активација на природните клетки убијци и Т клетките кои не штитат од канцер, од воспаленија итн. Проблем е како да се активира тој протеин на ниво потребно за во секој случај да бидеме заштитени од оваа опака болест. ФДА, американската Агенција за лекови, успеала да најде начин да го разбуди IL 15, но проблемот е што таа активација трае само два часа, што е недоволно време за IL 15 да ги активира природните клетки убијци и Т клетките. И со години, ФДА не успевала да го реши проблемот. Е, д-р Шионг успеал, со неговиот лек или вакцина, кој се вика „Анктива“. „Анктива“ овозможува „будење“ на ИЛ 15 во траење од седум дена, што е доволно за да се активираат клетките до степен кој не штити од канцер. И таа активација, создава меморија кај клетките, која трае 17 години. Практично, ја примате „Анктива“ и сте безбедни од рак и инфламација 17 години.

А за оние кои веќе се болни, се создава внатрешна, организирана природна армија на клетки кои го напаѓаат ракот и го уништуваат. Не е јасно, ниту беше прашан (типична новинарска болка – секогаш останува нешто што се пропушта) зошто тоа функционира кај повеќето ракови (дури и кај глиобластома и кај канцер на панкреасот кои се меѓу најсмртоносните и најагресивните), а допрва треба да се испитува кај белодробните канцери, но сеедно, лекот-вакцината веќе постои и на конкретни случаи веќе дал извонредни резултати, со целосно излекување, без несакани ефекти.

Сето ова, не е од вчера, но Бајден и неговата администрација, американската длабока држава и корумпираната ФДА, ги ставиле сите можни сопки за „Анктива“ да не добие широка примена. И ова не е никаква теорија на заговор, тоа му е јасно и познато на секој разумен американски експерт во оваа област. А, до кај е отидена работата, сведок е и самиот Бајден кој боледува од рак на простата, кој наместо да оди кај човекот кој му нуди безболно излекување, се подложи на хемотерапија и зрачење. Но, Бајден си е Бајден, а во крајна линија – како ќе се лечи е негов избор, но тој е пластичен пример за тоа дека длабоката држава не е само збир на луѓе – таа е и ментална состојба, проблем што го имаме и ние и тоа во неверојатно огромни дози. И ако има нова екипа на Месечината, покрај Кинескиот ѕид, единствена друга работа што оттаму ќе може да се види е таа состојба на умот. Што ние ја имаме за извоз.
Приказната за нас нема да има големо значење, освен ако не најдеме начин да дојдеме до научникот. И да му влеземе во видокруг. Ако Трамп ја заврши работата (кој знае дали ќе успее, зашто само што потпиша договор од 70 милијарди долари со Фајзер) „Анктива“ ќе биде одобрена, но тоа може да трае со години. А работата е во тоа да фатиме ред со време. Утре-задутре да не бидеме на 200-то место на листата, туку меѓу првите. Впрочем, лекот е веќе одобрен од ФДА за канцер на мочниот меур и тој може и треба да се донесе. Затоа, по втор пат во овие неколку месеци апелирам – испратете луѓе кај Шионг, донесете ја неговата вакцина овде и потоа, за живот овој народ нека ви направи споменик.

Патем, само да напоменам дека д-р Шионг и во ова интервју тврди дека спајк протеинот од КОВИД вирусот или од мНРА вакцината е еден од одговорните за епидемијата на турбо канцерите затоа што едноставно успева да го умртви IL 15. Доктор Халшер пак тврдеше дека имаат доказ, конкретен случај, дека истиот спајк протеин, го девастира хромозомот 19 кој си има своја улога во дејствување на имунолошкиот систем на човекот. Споите ги двете работи заедно и добивате една катастрофа за која сегашната светска медицина нема решение. Или поточно кажано, нема решение во повеќето случаи. Е, сега, да им го објасните ова на некои овде, а очигледно и во Европа и во САД е како да се обидете да го направите тоа што своевремено Слободан Милошевиќ го барал од градоначалникот на Ниш. Имено, кога во екот на ембаргото над Србија му биле побарани повеќе пари за партијата, градоначалникот едноставно одговорил: „Господине претседател, од сува дреновина не се цеди сок!“ Тоа е тоа.

Како и да е, ако власта не може многу да стори околу руската Ентеромикс и руската мНРА вакцина за рак на белите дробови и меланом, зашто Русија не ни чини и ни е под санкции, тогаш ете ни ги САД. Па, Министерството за здравство нека најде начин да стапи во контакт со човекот и да ја донесе негоавта „Анктива“ тука. Додека е време.

Толку за ова. Ако приметивте, не се занимавам многу со овдешните избори. Но, има една работа која, онака, попат, ми остана забележана: во еден од пропагандните спотови, Венко Филипче вели „да живее Македонија“. Не вели „Северна“, туку само „Македонија“.

И не приметувам дека оние шарени празноглавци од комуњарскиот витешки ред, го караат за тоа како што ги караа Мицкоски и неговите министри на почетокот од нивниот мандат. Двоен комуњарски аршин? Неее, далеку било. Тоа ти е стамен став на една стамена група. Која се труе од насобраната киселина во жолчката која полека им се распрснува и им се шири низ целото тело. И прави притисок до пукнување. А, кога тоа ќе пукне, ќе има труење поголемо и од Трубарево, Вардариште иДрисла заедно. Е, само што има еден проблем: подобро е тоа пукнување да се акцелерира, отколку да се чека да се случи само по себе.