Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рано утринава соопшти дека САД и Иран постигнале мировен договор.

„Двете страни прогласија итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“, напиша Шариф на платформата Икс.

Според него, официјалната церемонија за потпишување на договорот ќе се одржи на 19 јуни во Швајцарија.