Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Кристоф Зомер.
Министерот Шасивари истакна дека Министерството за правда работи на создавање поефикасен и пофункционален правосуден систем, во кој граѓаните ќе имаат поголема сигурност и доверба во институциите. За успешното спроведување на реформите е особено важно да се користат искуствата на земјите кои имаат воспоставено добри практики во областа на владеењето на правото.
На состанокот беше отворено и прашањето за можностите за понатамошна соработка со Швајцарија, особено преку поддршка на проекти, размена на знаења и искуства и јакнење на капацитетите на институциите.
Амбасадорот Зомер ја претстави Швајцарската програма за соработка со нашата држава , како и можностите за нејзино проширување во области поврзани со реформите и институционалниот развој. Изразена е подготвеност за продолжување на партнерството и поддршка на иницијативите што придонесуваат за јакнење на владеењето на правото.
Досегашната соработка меѓу двете земји претставува добра основа за нови заеднички активности.
Министерството за правда ќе продолжи да гради отворена соработка со меѓународните партнери, со цел искуствата и поддршката од европските земји да се преточат во конкретни подобрувања во работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните.




