Доаѓаме по својата правда, ѝ порачаа на власта од Коалицијата Менуваме, од каде најавуваат дека од 5 до 7 јуни со шатори ќе кампуваат пред зградата на Владата, а својот револт ќе го искажат и со голем протест од 12 часот на 7 јуни.
-Почитувани, домашни и странски одредувачи на судбината на НАС, на лицата со попреченост, можеби тематиката за одржувањето на кампот и протестот е малку страшна, ама е безмилосно вистинита, реална, бидејќи спокојството што ни преостанува од судбинскиот плач во секојдневниот оскуден живот што капе капка по капка Вие, гореспомнатите 78% ни сосредочивте само 14.9% кои што ни ги дефиниравте и ни ги давате како богатство во сиромаштијата, што кажува само по себе дека за сите Вас е многу повеќе важен ситниот егоистички од нашиот колективен многуилјаден живот, за, како што Вие велите: и по цена на Вашата најголема саможртва, се трудите, се снаоѓате и што уште не, само да ги удоволите нашите барања, нели!!?? И, ние , кутрите лица со попреченост сега и веднаш треба да Ве поимиме Вас како совршено магионичарски интегриран фактор во нашиот овоземен живот!!?? Знаете, постои еден современ израз: виртуелна стварност!!!! Нам, на лицата со попреченост, тоа ни звучи одбојно, лажно и без чувства, без емоции и на таа Ваша стварност и фали барем малку нежна болка која што секојдневно ние ја чувствуваме, за Вас господа нашата приказна е минорна и за неа нема место во Вашите агенди, во Вашите 78%, во Вашите спортски канцеларии, во Вашите закони со европско знаменце, но, нека Ви служи на чест, драги наши одредувачи на нашите судбини и како што се се менува и се поминува, ќе помине и ова, ама…. Ќе се сретнеме во некоја друга прилика, во некое друго време!?, порачаа од Менуваме.
Тие напоменуваат дека Македонија ја има ратификувана Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.