Виолета АЧКОВСКА

Во однос на окупација на Македонија, во мај 1941 г., Методија Шаторов – Шарло (10.I 1897, Прилеп – 4.IX 1944, Пазарџик, Бугарија) напишал:

„…Некој македонци-врховисти сакајат да кажат оти борбата на Македонците е свршена со окупацијата на Македонија од страна на германски италијански и бугарски војски. Дали това е истина. Но, ни не може да биде, зато што Македонија не доби ни национална ни политическа слобода. Денеска не само Македонија ами целиот Балкански Полуостров (без турска Тракија) е окупиран од армиите на две големи империјалистички држави: Германија и Италија, со прилепените бугарски војски. Голем дел од Македонија има веќе бугарска администрација. Полицејски чиновници, джандари, кметови, секретарбирници, писари, даночни чиновници-сет назначени и требе да се кажи, оти сите тија сет от Бугарија. На Македонците не се дава чиновничка служба … Со право се праша секој честен Македонец: ’Каква ли је оваја слобода, штом Шумадинците се заместени со Бугари, а Македонците се држат под карантина’“. „Праша се што да се чини. Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не за цепене на македонската земја и македонскиот народ. За таја своја слобода и равноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците на балканскио полуостров, зато што судбината денеска им е еднаква…“