Руските сили веројатно ќе одат на некаков вид „оперативна пауза“ во Украина во следните недели и на тој начин ќе му дадат можност на Киев за контранапад, изјави вчера шефот на британските разузнувачи.
– Мислам дека наскоро ќе се опуштат. Наша проценка е дека на Русите им е сѐ потешко да обезбедат снабдување за своите сили, а проблемот ќе се интензивира во следните недели, изјави Ричард Мур, директор на британската разузнавачка агенција МИ6.
Ова Мур го кажа на безбедносниот форум што се одржува во Аспен, во американската држава Колорадо.
– Тие ќе бидат принудени на некој начин да паузираат, а тоа ќе им овозможи на Украинците да извршат контранапади, рече Мур.