Шефот на „Дајмлер“ Дитер Цече кој ќе се повлече од функција оваа година, ќе има пензија од 1,05 милкиони евра. Портпарол на компанијата ја потврди таа информација што преходно ја ојбави весникот „Билд“.
Цече би требало да ја напушти работата како шеф на компанијата мајка на Мерцедес Бенз во мај и ќе почне да добива пензија од 2020 година.
Него ќе го замени шефот за развој во таа компанија, Ола Келениус.
– Износот на пензијата бил одреден во 2017 година, нагласи портпаролот.
Ако Цече влезе во бордот на Дајмлер како што ќе му биде понудено во 2021 година, ќе моќе да добива и дополнителни награди за таа работа. Ќе има право и на плаќања од посебен фонд назначен за раководството на Дајмлер.