Се појавија нови детали во случајот на американскиот војник припадник на специјалната единица Navy SEAL кој е обвинет за воени злосторства за време на борби против ИД.

Едвард Галагер е обвинет дека убил повеќе ирачки цивили и воени заробеници, а според Лос Анџелес Тајмс, дури седуммина од „Фоките“ добиле имунитет да сведочат против својот колега.

Галагер е обвинет дека во 2017 година убил 16-годишен милитант од ИД додека болничари (меѓу кои и тој) се обидувале да го спасат. Го убил откако му зарил нож во вратот.

Адвокати од обраната побараа од воениот суд да изземат аспекти од сведочење поврзани за бројот на луѓе кои Галагер се фалел дека ги убил. Обвинителите тврдат дека тој високо-одликуван снајперист и болничар убивал невини луѓе во Ирак каде бил распоредуван осум пати.

Ако биде прогласен за виновен, ќе биде осуден на доживотна казна затвор.

Според веникот, Галагер кажувал дека убил и до 200 луѓе за време на престојот во Ирак во таа година, а еден сведок тврди дека му се фалел дека „убил тројца“ и дека „може да го пресмета “вкупниот број на жртви. Галагер е обвинет и дека неселективно пукал врз цивили низ Мосул, и дека убил два, стар човек и девојче.