Шефот на американскиот технолошки гигант Епл, Тим Кук призна дека се поретко го користи својот Ајфон и скоро се откажал од непотребни нотификации за тој мобилен апарат.
Во интервју за Ејч-Би-О тој рече дека порано често го кристел смартфонот, но сега му се намалиле нотификациите и се поретко ги проверува.
Телевизијата Си-Би-Ес објави дека американските граѓани ги проверуваат своите смарфотни за информации и пораки по околу 52 пати дневно.
Епл е основана во 1976 година и произведува Ајфони, Ајпад, Макбук и десктоп компјутери како и музички плеери Ајпод. Корпорацијата е со седиште во Купертино во Калифорнија.