Тулса нуди 10.000 долари за оние кои се подготвени да одат и да работат во тој град во американската држава Оклахома, во период од една година.

За да бидете разгледани за овој финансиски план, мора да имате над 18 години, мора да имате работа (која можете да ја вршите од кој било дел од светот  преку Интернет) и да бидете подготвени да се преселите во рок од шест месеци, но мора да ви биде дозволено и да работите во САД.

И тоа не е сè.

Избраните кандидати ќе можат да се преселат во нови станови во Тулса и да плаќаат само 33 проценти од реалната цена за изнајмување. Сметките нема да се наплаќаат во првите три месеци.

За потребите на работата, ќе добиете бесплатно членство во 36 Degrees North, кое ви обезбедува место за работа, конференциска сала за состаноци, безжичен интернет и други деловни придобивки.

Главната цел на оваа програма е да се привлече креативна и технолошки спремна работна сила во Тулса, која сака да го заживее претприемачкиот дух меѓу нејзините жители. Градот најпрво ќе почне со помали групи од 10 до 15 лица, а со текот на времето програмата ќе се прошири на 300 работници за размена.