Од 2006 година здружението RPM NAUTICAL Foundation идентификувало 40-на остатоци од бродови долж 450 километри албански брег. Таму има потонати антички бродови, римски и можеби фенички, грчки или илирски, од 7-от век пр.н.е., но и современи воени бродови.

Денес „најголем дел од златото кое лежело на длабочина од 20 до 30 метри речиси исчезнало без трага“, вели Неритан Цека, археолог и историчар.

Иако албанските води беа недостапни за странски нуркачи (1944-1990) денес е поинаку бидејќи таа држава не располага со доволно средства за строг надзор на својот брег.

На големо задоволство на ловци на остатоци од бродови, во потрага по античко богатство понекогаш со непроценлива вредност, но и метал од модерни пловила.

– Бев лично меѓу првите сведоци на тоа големо богатство нуркајќи во почетокот на 80-те, истакнува Цека. – Имам видено амфори, глинени садови, археолошки предметеи кои дене ги нема таму. Грабежот е направен на варварски начин.

Тој вели дека „Албанци и странци соработувале во криумчарење археолошки предмети“.

Тешко е да се процени колку изнесува вкупната вредност на круимчарените антички предмети во Албанија. На светско ниво се работи за повеќе од 3,5 милијарди годишно според проценки на Аурон Таре, Албанец кој претседава со Научниот и технички совет на културното наследство при Унеско.