Здравствениот систем во Појасот Газа е „на колена“, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
Тој изјави дека половина од 36-те болници во енклавата воопшто не работат.
„Болничките ходници се полни со повредени, болни и луѓе кои умираат. Полни се мртовечниците, операциите се изведуваат без анестезија, десетици илјади луѓе се засолнуваат во болниците“, рече Гебрејесус.
Тој рече дека од 7 октомври СЗО регистрирала повеќе од 250 напади врз здравствениот сектор во Газа и на Западниот Брег, додека врз здравствениот сектор во Израел имало 25 напади.
Фото: МИА архива