На академијата за судии и обвинители сите се деца на „големци“, на обични смртници нема, вели адвокатот Ванчо Шехтански, кој беше гостин во ТВ 24.

– Ако направите проверка на академија на судии и обвинители ќе видите дека сите се деца на политичари, судии, обвинители или познати големи бизнисмени. Таму деца на обични смртници не можат да се запишат макар имале просек 10. Тоа е невидена брука за нас како држава и како општество. Тие ќе треба да делат правда понатаму, а се избрани на криминален начин со непотизам, а тоа е организиран криминал на привилегија на една општествена каста во земјава, рече адвокатот Шехтански.

Според Шехтански сите на академијата се избрани на криминален начин што претставува организиран криминал на една општествена каста во земјата.