ТВ ДУЕЛ: Петровска вели воделе истрага за вработувањата во АРМ, а Ковачки одговори ако воделе од март досега требало да е завршена

/ 16.11.2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашниот ТВ дуел во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5 телевизија, призна дека се основани обвинувањата на пратеникот Драган Ковачки за за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Таа притоа се бранеше се дека наводно ги известила надлежните институции, како и дека Ковачки со обелоденување на овој криминал негативно влијаел врз истрагата.

-Она што мене лично ме загрижува и што го побарав ова соочување е всушност причината зошто секогаш кога имате некоја истрага во тек, опозицијата во конкретниот случај и пратеникот Ковачки, невнимавајќи соопштува детали и податоци во јавноста со обид да биде компромитирана или загрозена истрагата. Да бидат попрецизна во овој случај во Министерството за одбрана долго време е присутна таа, би рекла шпекулација, бидејќи се уште не е потврдена дека за одење во мисии, па дури и за прераспределување, и за курсот за подофицери дека постои корупција и дека тоа завршува некаде по кабинетите во министерството, изјави Петровска и додаде дека за тоа пријавила во месец март.

Пратеникот Драган Ковачки и реплицираше на министерката Петровска доколку навистина знаела и пријавила од месец март, тогаш би требало истрагата досега да е завршена.

-Ако сте наредиле истрага до сега би требало тие да бидат завршени, вели Ковачки.


Од истата категорија