Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата 24 анализа во врска со македонското државјанство на Онишченко истакна дека добивањето на државјанство е по членот 11 од Законот за државјанство, кој е за национален, економски, спортски интерес и во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи владата по претходно собрани документи и мислења.

– Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, иако праксата е да се добијат позитивна улога. Кај овој случај имаме 4 позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност. Тоа се четирите позитивни мислења што беа доставени. Анализаите треба да се прават низ институциите – вели Спасовски.

Спасовски изјави дека е лага оти украинскиот бизнисмен Онишченко бил баран со потерница. Тој вели дека и тоа што Онишченко е на црниот список на САД не мора да значи дека станува збор за криминалец,